СЕ СЛУШНАЛ УДАР А ПОТОА ПОЧНАЛО ДА СЕ НИША: Нов земјотрес ја погодил Хрватска – епицентарот кај Глина!

ХРВАТСКАТА сеизмолошка служба објави дека утрово во 05,37 часот е регистриран прилично силен земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, со епицентар близу Глина.
Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар наведува дека јачината на земјотресот била 4,1 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на седум километри од Глина.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил на длабочина од 10 километри, а потресот бил почувствуван и во Загреб.
„Звучеше како удар, а потоа почна да се ниша. Повторно, тоа глупаво чувство и звуците на крцкање на прозорците и вратите околу станот”, напишал читател на порталот 24sata.hr.


Медиумите од БИХ јавуваат дека земјотресот се почувствувал и на северот од земјата.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Пет идеи за подарок за Велигден

Во предвечерието на еден од најголемите христијански празници Велигден обично се прашуваме што да подариме …