ВО СЛОВЕНИЈА ОТКРИЕН И НИГЕРИСКИ СОЈ: Потврдени седум случаи – еве за каква мутација станува збор!

По идентификување на британските и јужноафриканските варијанти на вирусот корона во Словенија, нигерискиот сој исто така е потврден во таа земја, објави приватниот радиодифузер ПОП ТВ.
Досега се откриени седум случаи на најновата варијанта, а ги открила лабораторијата на Универзитетскиот медицински центар Љубљана, пренесуваат словенечките медиуми.
Досега достапните податоци покажуваат дека нигериската мутација веројатно нема да предизвика потешка форма на КОВИД-19.
Министерот за здравство Јанез Поклокар на прес-конференција рекол дека во изминатата недела биле потврдени 62. случаи на британската варијанта и еден случај на јужноафриканска варијанта, додавајќи дека тој не знае ништо за присуството на нигерискиот вид.
Официјален извештај за присуството на разни мутации во вирусот корона што кружи во Словенија се очекува во среда.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …