SamsungGalaxyS23Ultra – совршен телефон за успешен работен ден и уште подобри ноќни фотографии

Што е она кое ви е најважно кога купувате нов телефон? Имајќи го предвид брзото секојдневие кое неретко се претопува од деловниот во приватниот свет со брзина на светлината, несомнено ни е важно уредот кој ќе го одбереме совршено да се вклопува во секој сегмент во нашиот живот – како приватниот така и професионалниот. Токму затоа, Samsung одлучи да го интегрира овој баланс во најдобриот паметен телефон на сите времиња. Величествениот GalaxyS23Ultra!Покрај модерниот дизајн се одликува и со феноменални карактеристики, кои овозможуваат корисничко искуство кое досега никогаш не сте имале можност да го искусите!

И на работа и дома, Galaxy S23Ultrae дизајниран да ве поддржи дури и во најхаотичните денови сонајсилниот процесор направен за мобилни телефони Galaxy, Snapdragon 8 Gen 2, кој е за 40 проценти побрз и пооптимизиран за серијата Galaxy.Со овој процесор, извршувањето на секојдневните, но и посложените задачи и играњето игри нема да биде проблем за корисниците, сето тоа благодарение на системот за ладење и проток на информации.


Опрема која ги задоволува вашите потреби од секој аспект

Овој телефон може да се пофали со6,8-инченDynamic AMOLED 2Xекран, кој прикажува чисти и живописни детали на екранот, без разлика дали светлото е придушено или заслепувачко.AMOLEDекранот не само што го прави GalaxyS23Ultraидеален за гледање на отворено, туку овозможува и подобра заситеност на бојатa. А технологијата од 120 Hz интелигентно ја оптимизира стапката на освежување за секоја акција да биде непречена и да заштеди батерија.


Бескрајна можност за креативно изразување

Ги знаете оние денови кога едноставно имате толку многу обврски што се чувствувате небаре секоја идеја која прелетува низ вашиот ум засекогаш е изгубена? Не грижете се, немора секогаш со вас да носите хартија и пенкало за да ја запишете секоја ваша брилијантна идеја. Galaxy S23Ultra S Pen пенкалото совршено се вклопува во новата S серија. Исфрлете го од дното на екранот за да пишувате, скицирате или да го контролирате телефонот. Покрај тоа, помага да не зависите повеќе од бележници, така што го олеснува скицирањето и фаќањето белешки, и тоа на еколошки начин – пенкалото е направено од 20% рециклирана пластика од океанот.


Батерија доволно моќа да се прилагоди на секој момент од денот

Благодарение на Galaxy S23Ultraне мора повеќе да се грижите дека батеријата ќе ви се испразни баш во оној момент кога ви е најпотребна. Интелигентната батерија од 5000 mAh (типична) заштедува енергија за кога ќе бидеш во движење, да можеш да играш и да стримаш и во текот на ноќта.Накратко кажано – ја чува батеријата за кога ќе ви биде најпотребна! Што велите за супербрзо и безжично полнење? Со сета моќност на батеријата, можете и многу да споделите. Практично и функционално!

Дизјан за оние со префинет стил

Атрактивниот дизајн на GalaxyS23 Ultra ја носи компанијата чекор понапред на полето на одржливоста, со повеќе компоненти направени од рециклирани материјали отколку во кој било друг паметен телефон SamsungGalaxy. Рециклираното стакло и PET фолијата ја нагласуваат надворешноста на телефонот, а во кутијата направена од рециклирана хартија се чувствува љубовта кон планетата уште од првиот момент.GalaxyS23 Ultraима впечатлив симетричен дизајн. Од пренаменетото стакло до бојата на полираната метална рамка, убавината е втората одлика во оваа форма.

Димензиите на мобилниот уред S23 Ultra што доаѓа со S Pen се 78,1 x 163,4 x 8,9 mm, тежи 234 грама, а предната и задната страна на уредот се заштитени со технологијата CorningGorillaGlassVictus 2.

Бојата на телефонот е подеднакво важна кога одбирате нов уред. Токму затоаGalaxyS23Ultra доаѓа во четири бои –лаванда и зелена боја за оние со авантуристички дух и крем или фантомската црна боја за оние кои преферираат неутралност.

Време е за забава!

Кога ќе завршат деловните задачи и ќе дојде време за дружење со пријателите, секој нов спомен треба да биде овековечен со фотографија. GalaxyS23Ultraе дизајниран да обезбеди најнапредно искуство со камерата досега, така што корисниците можат да се поврзат и споделуваат содржина каде и да се.

Galaxy S23 Ultra ја носи најинтелигентната камера досега и иновативната опција Nightography за создавање спектакуларни ноќни фотографии и видеа, што ја претвора ноќта во ден.Како прв меѓу телефоните на SamsungGalaxy, Galaxy S23 Ultra може да се пофали со нов 200MP адаптивен сензор за пиксели кој снима важни моменти со неверојатна прецизност.За чисти фотографии и видеа, од утро до мрак. Најнапредниот сензор за камера и најбрзиот процесор на Galaxy се приспособуваат и на слаба светлина и го намалуваат шумот. Дури и објективите на камерата ја избиструваат сликата така што го намалуваат отсјајот. А за да ја претворишѕвездената ноќ во ремек-дело, вклучи ја опцијата Hyperlapse за да ги снимиш ѕвездените ноќи јасно и чисто, па забрзај ги за да прикажеш минути снимање во неколку неверојатни секунди.

Нема повеќе двоумење – соврешениот избор за вас е GalaxyS23Ultra!

За повеќе информации околу овој модел, посетете ја веб страната на Samsung: https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s23-ultra/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …