Samsung Galaxy AI пристигна во Македонија

Официјалниот почеток на продажбата на долгоочекуваната серија паметни телефони Samsung Galaxy S24 засилени со вештачка интелигенција (AI) компанијата Samsung го прослави во скопскиот ресторан „Ботаника“. Сите присутни можеа на лице место да ги испробаат иновативните функции на фотографирање и снимање со помош на новите функции Galaxy AI[1] од легендарната серија S во трите зони поставени во ресторанот.

На промоцијата беше истакнато дека е ова почеток на третата фаза на мобилни телефони. „Првата фаза беше пристигнувањето на интернетот на телефоните, втората фаза беше инсталирањето на врвните системи за камери, а Samsung Galaxy S24 ја започнува третата фаза, која е фаза на вештачка интелигенција на мобилните телефони“ рече Марјан Блажески, раководител на секторот за мобилна комуникација и ги претстави ѕвездите – паметните телефони Samsung Galaxy S24+ и Galaxy S24 и Galaxy S24 Ultra.


„Лансирањето на серијата Galaxy S24 го демонстрира нашиот првичен чекор кон нова ера на телефони со вештачка интелигенција што ги надминува сегашните паметни телефони“, рече ТМ Рох (TM Roh), претседател и раководител на Mobile eXperience Business во Samsung Electronics. „Дизајниран да биде суштински дел од нашиот секојдневен живот, Galaxy AI трајно ќе го промени начинот на кој луѓето комуницираат со светот. Едвај чекаме да видиме како нашите корисници го подобруваат и го зајакнуваат својот секојдневен живот со Galaxy AI за да отворат бескрајни можности“.

Samsung ја продолжува својата посветеност на продолжување на животниот циклус на производот, нудејќи до седум години надградби на оперативниот систем и безбедносни ажурирања за да им помогне на корисниците да уживаат во оптимизираните перформанси на нивните уреди Galaxy уште подолго.[2]


Galaxy AI обезбедува иновативни и практични функции на вештачката интелигенција кои помагаат да се трансформира начинот на кој комуницираме, создаваме и го откриваме светот. Од подобрена комуникација до ново ниво на пребарување преку функцијата Пребарување со заокружување со Google (Circle to Search with Google)[3], вештачката интелигенција ќе го подобри речиси секое корисничко искуство на Galaxy S24. Новиот пакет алатки за камера ProVisual Engine[4], засилени со вештачка интелигенција, ја максимизира креативната слобода, од фотографирање со нови можности за зумирање до уредување со генеративна вештачка интелигенција.

Благодарение на функциите на Galaxy AI, вашата секојдневна комуникација станува поедноставна и понапредна. За пораки и други апликации, функцијата Помош за разговор (Chat Assist) може да помогне да се подобри тонот на разговорот за да се осигура дека комуникацијата звучи онака како што е наменета. Galaxy AI, исто така, ја прави вашата работна средина попаметна и поинтуитивна. Со алатката Помош за белешки (Note Assist) можете брзо да ги запишувате и споделувате вашите мисли, додека алатката Помош за транскрипција (Transscript Assist) го олеснува пренесувањето говор во текст и ви помага да останете организирани без напор.


Достапност

Од 31 јануари 2024 година, новата серија Galaxy S24 е достапна во малопродажба. Паметниот телефон Galaxy S24 Ultra е достапен во следните бои: титаниму црна, титаниум сива, титаниум виолетова и титаниум жолта. Моделите Galaxy S24+ и Galaxy S24 се достапни во следните бои: оникс црна, мермерно сива, кобалт виолетова и килибарна жолта. Паметниот телефон Galaxy S24 е достапен по препорачана малопродажна цена од 54,999 МКД, Galaxy S24+ од 68,999 МКД и Galaxy S24 Ultra од 86,999 МКД.[5]

[1] Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно најрано до крајот на 2025 година на поддржаните уреди на Samsung Galaxy.

[2] Достапноста и времето на надградбите и безбедносните ажурирања на оперативниот систем Android може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот и пазарот.

[3] Секвенците се скратуваат и симулираат. Резултатите се само за илустративни цели. Резултатите може да варираат во зависност од визуелните совпаѓања. Потребна е интернет конекција. Корисниците можеби ќе треба да го ажурираат Android на најновата верзија. Функционалноста на производот може да зависи од поставките на апликацијата и уредот. Некои функции може да не се компатибилни со одредени апликации. Достапноста на услугата варира во зависност од земјата и јазикот. Точноста на резултатите не е загарантирана.

[4] AI Zoom се применува на растојанија помеѓу должините на дигиталниот зум. Точноста на резултатите не е загарантирана.

[5] Samsung Electronics Austria GmbH не ги контролира ниту влијае на малопродажните цени на своите партнери. Партнерите на Samsung самос     тојно одлучуваат за нивните малопродажни цени.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 22.02.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Типични претставници на Овен имаат одличен работен ден пред нив. Со добра организација …