„Идем путем па загрлим дрво“ – урнебесна комедија со Андрија Милошевиќ

Во сабота, на 3 февруари 2024 година во Македонската опера и балет, ќе може да ја погледнете урнебесната комедија со Андрија Милошевиќ насловена „Идем путем па загрлим дрво“.

Игра: Андрија Милошевиќ
Текст: Миодраг Караџиќ
Режија: Јана Маричиќ


Текстот на претставата „Одам по пат и гушкам дрво“ го напиша Миодраг Караџиќ, а претставата премиерно беше изведена во 2019 година.

Андрија Милошевиќ е главниот лик во урнебесно комичната приказна за еден син и неговата мајка која е во потрага по вистинската жена за него. Кандидатките се менуваат, а тој и неговата мајка имаат неверојатни искуства. Меѓутоа, кога „вистинската“ ќе затропа на вратата, нашиот херој ќе ја спознае моќта на судбината.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„4-те коњаници на апокалипсата“- Истражувањето на познат психолог покажало: Овие четири однесувања во бракот доведуваат до развод

Познатиот психолог и брачен советник Џон Готман спровел статистичка анкета за бракови и разводи во …