Жителот на Мајами, Дејвид Хајнс, е обвинет за измама. Тој купил спортскиот автомобил со пари што ги добил од државата како дел од програмата за да им помогне на претприемачите заради „Ковид-19“, пренесува NBC.
29-годишниот Американец преку апликации во име на разни компании побарал и од државата добил 13,5 милиони долари субвенции за исплата на плати на вработените со цел да ги зачува работните места. Во своите извештаи, тој изјавил дека водел четири компании со 70. вработени и дека има четири милиони долари трошоци за месечни плати.
Според обвинителите, неколку дена по приемот на парите, Хајнс купил нов Ламборџини Хуракан за 318.000 долари. Исто така, во следните недели, тој не им исплаќал плати на своите вработени, туку парите ги трошел во луксузни одморалишта во Мајами, но и на скапа облека и накит.
Во моментот на апсењето, на Хајнс му останале околу 3,4 милиони долари. Ако биде осуден по сите обвиненија, би можел да добие до 70. години затвор, изјавил обвинител од Флорида.
Актот за деловна помош на САД беше потпишан на 29. март. Вкупно, издвоени се над 600. милијарди американски долари за субвенции за малите бизниси погодени од коронавирусот.
САД – Добил субвенции за спас на работните места па со тие пари си купил Lamborghini Huracan: Му се заканува казна до 70. години затвор!
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.