Во 1994 година, холандската полиција престана со потрагата по украденото Ферари, украдено во 1987 година. Осигурителната компанија ја надоместила загубата и тоа требало да биде крај на приказната.
Како и да е, во јуни годинава, како што пишува „The Drive“, нуркачи од холандската противпожарна бригада откриле долг црвен предмет за време на тренинг во водите на заливот на Амстердам И.Ј. и откритието го пријавиле во полиција.
Се разбира, тие не можеале самостојно да го извлечат автомобилот, па побараа помош од војската. Како резултат на се, на 8. јули автомобилот бил извлечен од водата – по што се покажало дека станува збор за одамна украденото Ферари Мондиал.
Форензиката утврдила дека не е сторено насилно кривично дело во автомобилот, но тие не пронашле докази што би можеле да укажат на идентитетот на крадците. Ферари Мондиал му бил предаден на неговиот легитимен сопственик – осигурителна компанија – која суперавтомобилот го испратила на отпад.
„Истрагата не открила кривично дело освен кражба на автомобилот. Автомобилот е целосно ‘рѓосан и ќе биде отпишан“, се вели во соопштението на полицијата.
Ферари Мундиал е изработуван во периодот 1980-1993 година. Спортскиот автомобил имал и втор ред седишта (2 + 2), што била вистинска реткост за Ферари и за спортски автомобили воопшто во тоа време.
Првата верзија на Мондиал била купе со погон на задните тркала и централно монтиран мотор. Силата на 3-литарскиот мотор од 213 „коњи“ очигледно не била доволна, така се појавија посилни верзии, на кои треба да се додаде и кабриолет изведбата.