РУСКАТА ЛЕКАРКА НАДЕЖДА ЧЕРНИШОВА ПРЕДУПРЕДУВА: Поради ова, брзиот тест за корона вирусот е ЛАЖНО НЕГАТИВЕН!

Зошто се случува брзиот тест за корона често да биде лажно негативен? Докторката објаснила што треба да избегнувате пред тестирање!
Не е невообичаено брзиот тест за корона да покаже лажно негативни резултати. И нашите и светските експерти велат дека ако наодот е позитивен – нема сомнеж, има инфекција.
Меѓутоа, ако е негативен, не мора да е 100% точно. Руската докторка Надежда Чернишова објаснила зошто се случува ова.
Таа напоменува дека најдобро е да не се пуши пред тестирање, бидејќи тутунот може да влијае на вистинитоста на резултатите. Таа открила и што е најдобро да се избегне кога одите на тестирање за да бидете сигурни дека примерокот нема да биде „загаден“ и дека ќе покаже прецизни резултати.

This image has an empty alt attribute; its file name is korona-virus-test-3-1024x1024.jpg
Според специјалистката, пред да го направите тестот, исклучително е важно да се исклучат какви било механички ефекти врз назофаринксот, односно носниот дел од ждрелото.
Не треба да го плакнете носот со ништо пред тестот или да ставате капки. Најчесто вирусот не се открива кога некое лице претходно ставило капки или го исплакнало носниот дел од ждрелото со солена вода или морска вода. Во овој случај, вирусот може механички да се „измие“ или уништи – тогаш тестот ќе биде негативен. Од истата причина подобро е да не го дувате носот“, вели докторката.
Докторката додала дека поради чистотата на тестот, многу подобро е да се воздржите од пушење.
„Се случува на човек да му падне нешто во носот, да го намачка со маснотии или да го издува и да добие негативен тест, иако се присутни симптомите на короната“, заклучил докторката.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …