(РЕЦЕПТИ) МОРСКА СОЛ ЗА УБАВИНА: Разубавете го лицето и телото со морска сол! 

Вистинската нега на лицето и телото започнува дома
Природната морска сол е чудесна за нашата кожа, коса и нокти. Покрај натриум хлорид, содржи околу осумдесет различни елементи во трагови – како што се калиум, магнезиум, манган… Сето тоа ја прави незаменлива во природната нега на лицето и телото.

Нега дома
Доколку практикувате нега на лице и тело дома, ви предлагаме природни маски на база на морска сол, кои ќе ја направат вашата кожа чиста, мека и неверојатно нежна.
Минералите од морската сол ќе го намалат воспалението, ќе ја осветлат, исчистат и зајакнат кожата. Само запомнете како изгледа вашата кожа додека сте на море! По 10 дена капење во морска вода, кожата е значително почиста и помазна на допир. Ова најдобро ги опишува сите придобивки од морската сол за нега.
Придобивките од морската вода можете исто така да ги искусите во вашиот дом, ако нанесете морска сол на следниве начини:


Миење и нега на лице со солена вода
Во млака вода ставете 2 лажици крупна морска сол. Кога солта ќе се раствори во водата, измијте го лицето, кое претходно добро сте го исчистиле, со таа вода. Морската сол има својство на дезинфекција, па со тоа неверојатно ќе ја исчистите кожата на лицето и на тој начин ќе спречите инфекции и појава на мозолчиња и акни.


Пилинг со морска сол
Измешајте 2 лажици крупна морска сол со 2 лажици мед. Со оваа смеса истријте го измиеното и исчистено лице. По пилингот, измијте се со млака вода за темелно да се отстранат медот и солта од лицето. Потоа, нанесете богата количина хидратантна крема на кожата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …