(РЕЦЕПТ) ЗАПЕЧЕНИ ТИКВИКИ СО ДОМАТИ И КАШКАВАЛ: Едвај дочекавме овој зеленчук да стигне на пазарот за да се храниме ПОЗДРАВО!

Одличен и здрав пролетен и летен оброк. Искористете ја сезоната на тиквички и домати, која ќе биде цело лето.
Состојки:
4 тиквички
4 домати
150 гр кисела павлака
200 гр кашкавал (било кое жолто сирење)
2 чешниња лук
малку масло
сол, бибер
свеж магдонос
свеж копар
Подготовка:

This image has an empty alt attribute; its file name is zapeceni-tikvicki.jpg
1. Доматите и тиквичките се мијат и се сечат ма кругови, па се посолуваат и се оставаат десетина минути.
2. Огноотпорниот сад се премачкува со масло, па се редат тиквичките, па доматот. Посипете сè со магдонос и копар, по вкус.
3. Лукот се сече на ситни парчиња, па се меша со павлаката и се посолува малку. Промешајте, па премачкајте ги тиквичките и доматите.
4. Кашкавалот се ренда, па се посипува врз подготвеното јадење.
5. Се пече во рерна на 180 степени, околу 45 минути.
Пријатно!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …