(Рецепт) Толку лесно: Палачинки со тиквички полнети со сланина и кисела павлака

Миризливите палачинки од тиквички и копар можат да се јадат и ладни, а како идеја за фил може да послужи и нешто друго – по ваш вкус, како сирење, на пример…
Состојки за палачинки:
1 тиквичка со средна големина
3 јајца
80 мл млеко
околу 10 мл минерална вода
50 г брашно
50 г рендано жолто сирење
1/2 врзоп копар
сол, црн пипер
Фил:
сланина
кисела павлака
Подготовка:изрендајте ја тиквичката, насолете и оставете десетина минути па исцедете од водата. Изматете ги јајцата па вмешајте брашно, рендан кашкавал, сечкан копар, сол, црн пипер, млеко и тиквичката која претходно сте ја исцедиле. Додајте минерална вода колку да добиете густа смеса за палачинки.
Смесата убаво измешајте ја и во намрсена тава испржете палачинки.
Во тавче пропржете сланина исечена на коцки. Палачинките намачкајте ги со кисела павлака, нафрлете од сланината, преклопете и послужете.
Овие палачинки се многу вкусни и ладни, идеални за лето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …