(Рецепт) Тоа мора да се проба: Брза „макси“ палачинка од рерна

Нема кој не сака палачинки, но оние големите, „макси“, кои се подготвуваат во рерна се некако повкусни – можеби и’ бидејќи не се пржат една по една…Туку онака големи и завиткани наликуваат на ролат…
Состојки:
2 јајца
2 лажици шеќер
малку сол, помеѓу прсти
120 г меко брашно
50 г истопен путер
200 мл млеко
100 мл вода
малку путер за тавата


Подготовка: ако имате блендер ставете ги сите состојки и убаво изблендирајте, додека не се поврзат. Но, смесата може да се подготви и без него: јајцата со шеќерот и малку сол изматете ги со маталка потоа додајте го путерот (внимавајте да не е топол) па убаво поврзете, додајте брашно, повторно измешајте и на крај млекото и водата. Мешајте додека не добиете мазна смеса без грутки.
Тавата за печење ставете ја во загреана рерна на 210 степени и оставете 10 минути.
Тавата мора добро да се згрее, извадете од рерната, уабво намачкајте со 1 лажица путер (веднаш ќе се стопи). истурете ја смесата, раширете по цела површина и ставете во рерна. Палачинката треба да се пече 15 до 20 минути. За време на печењето ќе се надуе а готова е кога ќе добие златно – црвена боја.



Извадете од рерната и филувајте по ваш вкус – со овошје, мармалад, џем, сладолед и се друго што обично користите за обичните палачинки.

Добар апетит!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денешен хороскоп (27.04.2024): Бикови не чекајте нешто да се случи на вашиот љубовен план, за лавовите потребно е повеќе внимание и разбирање

Овен Работа: Опуштениот прв ден од викендот е за повеќето Овни да уживаат првенствено во …