Оваа моќна комбинација до последниот грам ги топи маснотиите…
Ако барате пијалок што може да ви помогне да изгубите тежина, а исто така е и сосема природен и здрав, мора добро да го запомните овој рецепт.
Медот и циметот се неспорни чувари на витката линија. Циметот го чисти организмот и ги отстранува токсините и ги чисти органите за варење, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и спречува зголемување на резервите со маснотии. Покрај тоа, дава чувство на ситост и спречува напади на глад.
Медот е полн со витамини кои го зголемуваат енергетското ниво на организмот, го забрзуваат метаболизмот, што доведува до побрзо разложување на маснотиите.
За да го подготвите овој еликсир за слабеење, ќе ви требаат:
1 чаша вода
1 лажичка цимет во прав
1 лажичка мед
2 лажички зелен чај
Подготовка:
Во сад измешајте мед и цимет а водата зовријте ја и додајте зелен чај. Оставете го чајот да се олади, а потоа додадете ја мешавината од цимет и мед.
Доколку сакате, можете да додадете и лажичка рендан корен од ѓумбир. Тој е исто така познат по неговите значајни својства кога станува збор за губење на тежината.
Секое утро по будењето, пијте една чаша. За еден месец, со редуцирана диета, ќе забележите значителни резултати во изгледот.