РЕАКЦИЈА – Петар Ренџов до Шилегов: „Каква е оваа интелектуална беда во Собранието на град Скопје, каква порака ни праќате на нас граѓаните?“

Ако градоначалникот Петре Шилегов мислеше дека тоа што Дино Мерлин ќе ги забавува скопјани во највеселата ноќ ќе мине без коментари и осуди се излажал…
Музичарот Петар Ренџов на својот фејсбук профил револтирано реагираше на одлуката на Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов, за Нова година граѓаните на Скопје да ги забавува Дино Мерлин.


„ПОЛУДЕВ !!!!!! ПРОТЕСТИРАМ !!!!!!!!
На ТВ24 вести прочав за нова година ДИНО МЕРЛИН ке ги забавува Скопјани !!!
Градоначалнику Петре Шилегов ве молам да ни објасните со каква идеа , морал , памет , на кој начин ја одбравте оваа музичка катастрофа и ни ја натурате на плоштад за новогодишната вечер? Како да им објаснам на моите деца кој е , што пее, на кој јазик Дино Мерлин , !
Па каква е оваа интелектуална беда во Собранието на град Скопје , каква порака ни праќате на нас граѓаните ?
Ако не знаете, должни сте да прашате било која музичка или културна институција да ве упатат дека естетиката е погрешно направена по сите канони и музички стандарди
!!! ПРОТЕСТИРАМ !!!! ПРЕДВОДНИЦИ НА ГРАЃАНИТЕ , НЕ НИШТИТЕ КУЛТУРНО , ДУХОВНО ЕМОЦИОНАЛНО !!!!“, но очигледно Ренџов или се премислил или некој го убедил да го повлече коментарот бидејќи повеќе го нема на неговата страна на Фејсбук.


Искрено, се согласуваме со Ренџов – можеби не дека е Дино Мерлин интелектуална беда туку затоа што повторно се трошат енормни износи за забава која на скопјани ќе им ја приредеден странски изведувач. Колку и да се негира, факт е дека ниту еден успешен музичар од регионот за новогодишната ноќ не настапува за помалку од 60. – 80.000 евра. Башка другите трошоци (разглас и слично…) – тоа е износ само за хонорарот на Мерлин кој нема одржано концерт од минатата година кога пеел за Нова година во црна Гора.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …