Реакција на МАИ во однос на доцнењето на резултатите од Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата на Министерството за култура на Р. С. Македонија

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) реагира на повторното доцнење на објавувањетона резултатите од Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата од областа на литературата и издавачката дејност на Министерството за култура и ја изразува загриженоста на издавачите за последните случувања поврзани со проектите од 2020 година.

Со оглед на тоа што буџетот за 2021 година на Р. С. Македонија беше донесен на 20 декември 2020 година, а законскиот рок на Министерството за култура за избор на проекти од национален интерес е 45 дена од денот на донесување на буџетот, односно до почетокот на февруари (Законот за култура, Член 65, став 1), сметаме дека ваквото повторно доцнење на Министерствотооди на штета на издавачите и на реализацијата на проектите, а загрижува и фактот што ниту тие, ниту јавноста не се известени за причините за пролонгирањетои за евентуалниот датум кога можат да ги очекуваат резултатите. Дополнително, се наметнува прашањето дали и колку финансиските проблеми на Министерството за култура и проблемите со минатогодишната програма ќе влијаат на вкупниот буџет и средствата што ќе бидат одвоени за проектите од Годишната програма за 2021 година.


Настанатото необразложено доцнење предизвикува нарушување на организацијата и планирањето на работата од страна на издавачите, како и голема неизвесност за издавачите, а особено за нивните надворешни соработници.

МАИ сака да потсети дека Министерството за култура беше ригорозно во поглед на продолжувањето на роковите за проектите од Годишниот конкурс за 2020-та година и не им ја овозможи на издавачите законски пропишаната можност за продолжување на роковите „до крајот на тековната година“ (Законот за култура, Член 66, став 1) и покрај реакцијата на здружението за ланското доцнење на потпишувањето на договорите со издавачите и вонредните услови во кои западна целата економија со КОВИД-кризата. Во тој поглед, сегашното доцнење на резултатите е контрадикторно и говори за некоректен однос кон македонските издавачи.


Дополнително, изненадени сме и од одлуката на Министерството да се замрзнат исплатите за проектите од 2020 година, иако тие се доставени во предвидениот рок, односно до 15 ноември. Издавачите, ниту консултирани и информирани, со оваа одлука се принудени самите да ги подмируваат долговите за проектите, што дополнително ја отежнува нивната состојба. Поради тоа, бараме исплатата на средствата за овие реализирани проекти да не се пролонгира без основ и да биде реализирана во најбрзможен рок.

МАИ се надева дека Министерството за култура ќе ја сфати загриженоста и барањето на издавачите и дека во најскоро време ќе ги објави резултатите од Годишниот конкурс за финансирање на проекти од национален интерес во културата од областа на литературата и издавачката дејност.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ ЈАС“ во чест на Пикасо од Македонскиот керамичар Филип Фидановски ќе биде поставена во Хрватска

Керамика мултиплекс 2024, КЕРАМЕИКОН -ДРУШТВОТО НА КЕРАМИЧАРИ НА ХРВАТСКА Ви ја претставува изложбата „ПИКАСО МОЖЕБИ …