Раиола за Холанд бара плата од 1. милион евра – НЕДЕЛНО!

Ерлинг Холанд, sвездата на Борусија Дортмунд е на прагот да биде најплатениот фудбалер во новата ера.
Норвешкиот голгетер е желба на Реал и на многу други великани, тој направи вистински потег во кариерата доаѓајќи во Борусија, што ќе биде вистинска отскочна даска за гигантите.
Тоа добро сака да го наплати и агентот Мино Рајола, кој со Ибрахимовиќ, Донарум и многу други скапоцени играчи им задава главоболки на многу управи на најсилните клубови.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Mino Raiola (@minoraiola)


Веќе подолго време ја дрибла управата на Милан поради договорот за голманот, а сега решил да си игра и со Реал.
Имено, Рајола сака Холанд да биде првиот играч со милионска плата на неделно ниво!


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mino Raiola (@minoraiola)

Покрај тоа, очекуваната цена на трансферот варира, се верува дека нема да отиде под 150 милиони евра, па тоа ќе биде сериозен удар за џебот на клубот што ќе реши да го донесе.
Дури и без бонусите, сумата ќе биде вртоглава, а сигурно е дека Холанд ќе ги надмине Меси и Роналдо.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …