Првиот пејач на „Faith No More“ починал на 57. години

Бившиот фронтмен на групата „Faith No More“, Чак Мосли починал на возраст од 57. години, пишува The Guardian.
„После долг период без опијати, Чарлс Хенри Мосли III на 9. ноември го загуби животот како последица на зависност“ напишало неговото семејство во службената објава.
Напоменуваат дека одлучиле да ја поделат причината на неговата смрт за да послужи како пример и предупредување на сите кои се борат со зависност.


Мосли бил пејач на бендот во периодот од 1984. до 1988. година и со нив снимил два албуми „We Care A Lot” 1985. и „Introduce Yourself”од 1987.
Од групата е исфрлен во 1988. а го заменил Мајк Патон. Со бендот останал во пријателски односи и со нив понекогаш настапувал.
Исто така пеел и во бендовите „Bad Brains“ и „Cement“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …