Ако било кога сте размислувале како би изгледало „да ве проголта“ лава, денес е вашиот среќен ден. Имено, Ерик Сторм, туристички водич во Националниот парк на Хавајските вулкани успеал во GoPro камера да сними директна средба со лава.
Иако често може да се слушне дека GoPro камерите практички се неуништиви, малку кој можел да знае дека може да издржи и вака високи температури.
Откако лавата се смирила и почнала да се лади Ерик се пробил и се обидел да дојде до она што останало од неговата камера.
„Ја извлекував со геолошки чекич, мислев дека е потполно уништена“ рекол Ерик за Peta Pixel.
Но, не само што камерата преживеала, туку успеала да сними се’ и да сочува во мемориската картичка.
„Дири и понатаму работи, иако не така добро како порано. Навистина е неверојатно како останала ’жива’“ вели Ерик.
Снимката која настанала е навистина неверојатна, а во само неколку денови ја погледнале скоро 900.000 луѓе.