Прв пат забележано: Што значи дождот на Гренланд?

По прв пат, дождот беше забележан во областа на ледената капа на Гренланд, каде што температурите обично се значително под нулата на врвот, кој достигнува висина од 3.216 метри.
Врнежите се јасен знак за климатската криза, предупредуваат експертите.
Научниците од станицата на американската Национална научна фондација забележаа дожд во текот на 14. август, но немаа инструменти за мерење, бидејќи врнежите биле неочекувани. Околу седум милијарди тони вода паднаа од облаците низ Гренланд.
Дождот падна за време на екстремно топлите три дена во Гренланд, кога температурите беа 18. степени повисоки од просечните на некои места. Како резултат на тоа, топењето е забележано во поголемиот дел од Гренланд, на површина околу четири пати поголема од Велика Британија.
Неодамнешниот извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени заклучи дека е „недвосмислено“ дека емисиите на јаглерод диоксид поради човечките активности ја загреваат планетата и предизвикуваат топење на мразот и зголемување на нивото на морето.


Гренланд, исто така, имаше „епизода“ на топење во јули, со што 2021. година беше една од само четири години во минатиот век во која беше забележано такво распространето топење на површините на мразот.
Други години кои беа криза во таа смисла се 1995., 2012. и 2019. година.
Глобалното ниво на морето би се зголемило за околу шест метри доколку се стопи целиот мраз на Гренланд, иако би биле потребни векови или милениуми. Но, сигурно е дека топењето од Гренланд го зголемува нивото на морето од 1994. година и ги загрозува крајбрежните градови во светот.
Мразот на Гренланд се топи побрзо од кога било во изминатите 12.000 години, проценуваат научниците.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …