Промоција на книгата „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски

На 16 ноември (среда) 2022 година, со почеток во 12.00 часот, во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ –Скопје, ќе се одржи промоција на поетската книга „Збунети компаси“ од Зоран Анчевски. Книгата е добитник на наградата ,,Браќа Миладиновци’’ за 2022 година што ја доделува фестивалот Струшки вечери на поезијата.

За наградената книга ќе зборува Марија Ѓорѓиева а стихови ќе интерпретира актерот Андреј Серафимовски.


Настанот ќе се одржи во Спомен собата ,,Т’га за југ”.

Зоран Анчевски(1954) е поет,  есеист, литературен преведувач и професор по англо – американска литература. Автор е на 8 поетски книги и приредувач и уредник на голем број поетски антологии, избори и прозни дела на врвни светски автори на македонски јазик.


За своето творештво ги има добиено наградите Студентски збор, БраќаМиладиновци, и престижното меѓународно признание Ѓакомо Леопарди во Италија.

Член е на ДПМ и наМакедонскиот ПЕН центар..


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …