„Проект среќа“ продолжува да ги усреќува младите: Проекти за идните шампиони и матуранти

Кристина Арнаудова после огромниот успех на сите проекти, кои беа наменети за градење на посреќно општество, со акцент на среќа за децата, со „Проект среќа“ за 2018 година подготви неколку нови проекти…
Бројките на лицата во социјален ризик на кои им е потребна помош, во сите проекти планираат да ги помножат со три, а оваа година да бидат опфатени сите граѓани на Македонија, без разлика во кој град живеат. За таа намена, започнаа со градење на волонтерски тимови во секој град во Македонија, кои би работеле на создавање услови за реализација на проектите во нивното населено место. Тоа значи активно учество, лоцирање на лица на кои им треба помош од една страна, а од друга страна лоцирање на компании и физички лица кои се поготвени да донираат.
Новиот проект, направен за среќно детство и остварување на соништата на многу деца, официјално започнува на 1. ви Април, во склоп на Женска Трка во парк. Се гледаме од 09.30 на Фонтана во Парк! Дојдете да се видиме, да не поддржите, да донирате и да се забавуваме! Благодарност на Женска Трка и Сојуз на спортови на град Скопје за поддршката!

Денес ви го претставуваме хуманитарниот проект „Здраво Шампиони“. Со нивните проекти се трудат да го подобрат квалитетот на живеење на сите млади и деца кои живеат во тешки услови. Секое дете има право да има пристап до спортски активности. Можеби најголемите таленти се кријат токму во оние деца кои не можат да одат на тренинг затоа што немаат средства да си купат патики, тренерки или не можат да ја платат спортската членарина во клубот во кој би сакале да спортуваат! Затоа е осмислен проектот „Здраво шапиони“ со кој за сите деца, кои ќе се пријават во овој проект, а кои се во категорија „социјален ризик“ ќе се обезбеди спортска опрема и спортски клубски членарини. Пријавувањето на страницата на „Проект среќа“ на Фејсбук (https://www.facebook.com/proektsreka/) ќе почне официјално на 1. мај, а до тогаш ќе има низа настани кои ќе го промовираат и поддржат овој проект.


Вториот проект, засега, „Среќно Матуранти 2018“ е во тек! Трета година по ред, секоја година со се’ поголем успех, реализираат еден од нашите и ваши најомилени и најмасовни проекти. Овој проект е наменет за сите матуранти, полуматуранти и апсолвенти во социјален ризик (деца без родителска грижа, деца од еднородителски семејства, деца од семејства со мали примања или приматели на социјална помош, деца со пречки во развојот, деца со хендикеп). Од една страна се пријавуваат сите оние кои сакаат да донираат и да им помогнат на тие млади луѓе да имаат незаборавни и убави спомени од таа, магична ноќ, а од друга страна се пријавуваат сите кои имаат потреба од таква помош.
Минатата година „Проект среќа“ комплетно облече и стилизираше 120 матуранти, полуматуранти и апосолвенти од цела Македонија. Годинава се очекува, дека со помош на огромниот волонтерски тим, бројката ќе биде многу поголема!
За прв пат оваа година „Проект среќа“ соработува со основните и средните училиште од цела Македонија, кои ги посочуваат нивните ученици кои имаат потреба од ваква помош.
Пријавувањето е во инбокс на https://www.facebook.com/proektsreka/,или на бројот на координаторката на проекти, Благица, 078/405-264. Поделете ја оваа објава, како што повеке лица би ја виделе.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска е Воскресение Христово – Велигден

Воскресение Христово Откако слугите на првосвештениците израилски го фатија Исус и Го предадоа на Пилат …