(ФОТО) Наше секојдневие: За долг од 1. денар треба да плати 12.439!

Бројот на блокирани граѓани за неплатени сметки, или рати од некој кредит веројатно и’ не е познат бидејќи секој ден се зголемува.
Меѓу сите тие блокирања читавме дека има и за една или две неплатени сметки за ТВ, па имаше револт од граѓани…Но, ова што го напиша Мартин Серафимов на својот профил на Фејсбук е навистина врв.

„Има ли закон или институција во државава што ќе го спречи ова зло кое го уништува народот??? Најголемата мафија наречена извршители!!!
Еве, за долг од 1 денар (ЕДЕН ДЕНАР) за некоја сметка од 2016. година, колку му пристигна на татко ми да плати камати на извршители!!!
Повторувам за долг од 1. денар, му пристигна да плати 12.439 денари!
Алооо дали сте нормални?
Има ли крај на ова беззаконие и ова иживување на извршителите???
Господ да ве казни“, напиша Мартин Серафимов на Фејсбук.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …