На фестивалот во Хрватска награда, за најдобра претстава, за студенти од ФДУ

Студенти од трета година на Факултетот за драмски уметности во Скопје во класата на професорката Мими Таневска со претставата „Ревизор“ освоија награда за најдобра претстава на фестивалот на театарските академии „Дионис“ во Ѓаково, Хрватска.

На фестивалот, што го организира Уметничката академија од Осиек, учествувале и студенти од академии од Загреб, Сплит, Австрија, Германија и Романија. Тој се организира од 2008 година.


Неговите иницијатори сакаат да го афирмираат театарот, а заговараат заиграност, инвентивност, комуникативност и отвореност на театарскиот чин.

Целта на фестивалот е театарот да излезе од затворениот академски простор, поврзување на регионот со други европски региони, како и можност на младите луѓе да се запознаат со работата на другите академии, но и да се презентираат пред јавноста.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Проекција на литванскиот филм „Кога бев дете“ вечерва во Кинотека

Вечерва во Кинотека на Македонија, во рамките на Фестивалот на нем и класичен филм, ќе …