Пријателите се договорија: Еве кој ќе пее на свадбата на Филип Божиновски!

Неодамна, после 12 години врска, македонскиот пејач Филип Божиновски, ја побара девојката Сања за жена.Идниот брачен пар, веќе наголемо почна да се подготвува за свадбата, која како што дознаваме ќе се случи годинава во септември.
Секогаш, кога станува збор за свадба на наши пејачи, најинтересна е одлуката кој ќе пее и ќе ги забавува гостите.
Филип и Сања одлучија довербата овој пат да ја доверат на еден од, во моментов најпопуларните и најбарани бендови кај нас, “Фидбек“, момци и музичари со кои Филип одлично соработува, но и се познава веќе долги години…
„Точно е дека ќе бидеме дел од најубавиот ден на нашиот пријател и соработник Филип и неговата Сања. Сигурни сме дека ќе биде весело, со оглед на тоа дека на свадбата ќе има и многу наши колеги кои ќе придонесат за атмосферата“, велат момците од „Фидбек“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Верица Пандиловска !!!

Верица Пандиловска е родена на 13 мај 1973 година во Тетово. Таа завршила нижо музичко …