(ФОТО) Наскоро – 17. издание на „Моден викенд“ – пролет/лето 2018:“WHAT FEEDS YOUR IMAGINATION?”

Моден викенд Скопје го најавува своето седумнаесетто издание кое ќе се одржува од 30 март до 1 април под слоганот „What feeds your imagination?“.
Во нов и необичен амбиент -Националната универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, изминатиот викенд пред фото објективите застана новата FWSK девојка од модната агенција „Подиум“ Мануела Гочевска.
Водени од мислата дека несекојдневното место е всушност и најдоброто место за да ги видите пролетните колекции, токму во библиотеката ќе ве пречекаме на седумнаесеттиот Моден викенд Скопје.
Модата се смета за еден од најголемите визуелни феномени веќе со децении и она што одамна ги помести границите меѓу уметноста, литературата, архитектурата и формите.
Резултат на интеракцијата меѓу модата и уметноста е имагинацијата. Преку модните креации сакаме да ги прочитаме, ослободиме и предизвикаме имагинациите и визуелната култура кај сите модни вљубеници.
Моделот Гочевска е облечена во колекцијата на „Mango“ и Fashion Group Macedonia.
За фризурата се погрижи „Rebeel“ во соработка со Даниел Артевски а за шминката Зоран Шурбевски.
Фотографиите и видеото од снимањето ги потпишува Марина Трајковска а графичкиот дизајн на имиџ-насловната Дејан Зафировски.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 29.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Можно е денес да комуницирате со некој од минатото кој би можел да …