Позната актерка починала на 29-годишна возраст

Корејската актерка Парк Со-рјун, која се појави во телевизиската серија „Snovdrop“, почина во неделата, на 11 јуни, на 29-годишна возраст.
Според Soompi.com, ѕвездата на „Snowdrop“ починала откако случајно паднала по скалите додека се враќала од работа. Веднаш била пренесена во болница, но по реанимација била констатирана смрт.

View this post on Instagram

A post shared by 박수련 (@su.ryeon_p)


Нејзините родители решиле да и ги донираат органите за да спасат туѓи животи.
„Мора да има некој на кој очајно му требаат органи. Како нејзина мајка и татко, утешно е да се знае дека нејзиното срце отиде кај некого и чука“, се вели во соопштението на семејството.
Таа го имаше своето телевизиско деби во 2021 година, како студент во серијата „Snowdrop“ од 1980-тите, во која глумеа пејачот на Блекпинк Џису и актерот Јунг Хе-ин.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …