На социјалните мрежи се шири видео од плажа во Флорида, каде посетителите забележале неверојатна глетка.
Имено, на оваа позната плажа капачите останале шокирани кога виделе младенче од црна мечка како плива во океанот. Иако плажата била преполна со луѓе, тоа не го спречило малото мече да „ужива“ во морските радости, а кога завршило со пливањето излегло на плажата меѓу шокираните посетители.
„Излезе од водата и изгледаше уморно. Сите бевме шокирани и вчудоневидени кога го видовме”, рекла Џенифер Смит, една од луѓето кои ја виделе необичната глетка, додавајќи дека на почетокот никој на брегот не знаел што се случува во океанот.
„Од каде овој ѕвер во морето?“ и „Претпоставувам дека и тој е на одмор“, се само дел од коментарите, а видеото стана вирално на социјалните мрежи. Откако излегло од водата, мечето се упатило кон блиските дини.
Со оглед на тоа што се проценува дека Флорида е дом на повеќе од 4.000 црни мечки, ова не е прв пат да се забележат мечки како пливаат во Мексиканскиот залив.
Комисијата за заштита на рибите и дивиот свет на Флорида (FVC) соопштила дека ова е период од годината кога младите мечки треба да ги напуштат своите мајки за да најдат нов дом.
Фото: Илустрација