Познат пејач загинал неколку часа пред својот концерт

Трој Гентри, член на музичкото дуо Монтгомери Гентри, загинал вчера во пад на хеликоптер само неколку часа пред концерт, се наведува во веб страницата на бендот.
Хеликоптерот се урнал во шумската област во близина на аеродромот Flying W во Медфорд, само неколку часа пред концертот, кој требало да се одржи во едно одмаралиште.
Деталите од трагедијата се’ уште не се познати, се додава на сајтот.
Гентри е роден на 5. април 1967. година во Лексингтон, во Кентаки, каде го запознал Еди Монтгомери, со кој ја формирал групата наречена по нивните презимиња.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …