ПОВТОРНО ПРОМЕНИ: Еве какво време не очекува во наредните 5. дена

Таман се навикнавме на топлите сончеви зраци а веќе се најавуваат големи промени.
За денес (среда) УХМР најавува претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во северните и североисточните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен, а во западните делови засилен југозападен ветер.Минималните температури ќе се движат од 6. до 11, а максималните од 15. до 27. степени.
За четврток се најавува сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено во западните делови.Минималните температури ќе се движат од 4. до 11, а максималните од 11. до 28. степени.
Во петок се очекува Сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, особено во западните делови. Минимална температура: 5°C до 11°C. Максимална температура: 20°C до 29°C.
За сабота веќе ќе има поголеми промени – претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минимална температура: 6°C до 13°C. Максимална температура: 17°C до 25°C.
Недела – Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минимална температура: 7°C до 11°C. Максимална температура: 15°C до 24°C.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …