Судската битка на Амбер Херд со Џони Деп воопшто не и помага на кариерата. Откако во 2017. година стана дел од „Лигата на правдата“, а потоа го сними хитот „Аквамен“, нејзината кариера сега стагнира.
Амбер е свесна за лошиот период во кариерата, а тоа го потврдила и во сведочењето пред судот минатата недела. Од продолжението на „Аквамен“, кое треба да излезе следната година, некои нејзини сцени се исфрлени.
Главната улога во Аквамен ја има Џејсон Момоа, а Амбер беше веднаш до него. Сепак, според претставниците на студиото „Ворнер Брос“ кои стојат зад филмот, тие драстично ги намалиле сцените со Амбер, а одлуката ја оправдуваат со тоа што меѓу Амбер и Џејсон нема хемија, иако тие глумат пар.
View this post on Instagram
Исфрлени акциски сцени со Амбер
Исечените сцени се главно акција, а не љубовни, а целата ситуација силно ја погоди Амбер. Според Fox News, на Амбер никој не и најавил што ќе се случи, но сфатила додека го читала сценариото од продолжението.
View this post on Instagram
Многумина сметаат и дека студиото само се правда со наведената причина, а за отстранување на сцените на Амбер е одговорна петицијата. Имено, против Амбер се собрани повеќе од 4,3 милиони потписи. Со оваа петиција луѓето бараат од Амбер да се исфрли од новиот „Аквамен“.
View this post on Instagram
„Мажите се жртви на семејно малтретирање, исто како и жените. Ова мора да се препознае и мора да се преземат мерки за да се спречи славењето на познатиот насилник во забавната индустрија. Направете ја вистинската работа. Отстранете ја Амбер Херд од ‘Аквамен 2’, пишува меѓу другото во описот на петицијата.
Петицијата беше покрената во 2019. година, но сега стана уште попопуларна поради судската парница помеѓу Амбер и Деп.
Фото: Принтскрин/Instagram