ПОСЛЕДИЦИ ОД КОРОНА ВИРУСОТ – Кралицата Елизабета никогаш нема да се врати на кралските должности: Со години ќе биде во изолација!?

Членовите на семејството и надлежните органи на Велика Британија строго ја чуваат кралицата…
Британската кралица Елизабета (94) во моментот е во изолација во замокот Виндзор заради сè уште актуелниот корона вирус.
Нејзината околина и политичките службеници строго го штитат здравјето на кралицата, па сосема е сигурно дека никој нема да ја види во живо барем до крајот на летото. Најнеопходните обраќања ќе бидат направени преку видео-врска.
Сепак, многумина шпекулираат дека кралицата никогаш нема да се врати на редовното извршување на кралските должности, затоа што се вели дека опасноста од вирусот корона ќе биде присутна со години.


Кралицата не сака да престане да работи, но нема да се спротивставува на советите. Таа ги добива сите информации секој ден преку интернет, како и преку разговори со премиерот Борис Џонсон еднаш неделно.
“Нејзиниот дневник за обврски е празен до есен. Прославата „Поздравување со бои“, како и бројните летни забави во градината, се откажани. Таа тешко дека некогаш ќе се врати на ‘нормално’ извршување на своите должности”, изјавил кралскиот биограф Ендру Мортон.


“Овој вирус ќе биде присутен со месеци, ако не и со години. Би било премногу ризично за кралицата да започне со состаноци со луѓе секој ден. Таа отсекогаш ги сакала тие состаноци, но таа не смее да презема таков ризик”, додал тој.

Една од главните грижи на кралицата Елизабета е дека таа ќе го зарази принцот Филип (98), кој и се наоѓа во лоша здравствена состојба.


За прв пат по 27. години, Бакингемската палата е затворена за туристите, и ќе остане така барем до крајот на летото. Целта е да се заштитат сите луѓе од палатата кои би можеле да стапат во контакт со кралицата, или со луѓето што и служат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …