Починал легендарниот Џери Стилер

Актерот Џери Стилер, најпознат по неговите улоги во сериите „Сејнфелд“ и „Кралот на Квинс“, починал на 93-годишна возраст.
Неговиот син, исто така актер, Бен Стилер, ја потврдил смртта на неговиот татко и рече дека била природна.


“За жал објавувам дека татко ми, Џери Стилер, почин со природна смрт. Тој беше прекрасен татко и дедо и најпосветениот сопруг на неговата сопруга Ен дури 62 години.Многу ќе ни недостасува. Те сакам тато”, напишал Бен на Твитер.


Сопругата на Џери Стилер, актерка и комичарка, Ен Меар, починала во 2015. година на 86-годишна возраст. Покрај Бен, тие ја имаат и ќерката, Ејми, исто така актерка.



На почетокот на кариерата, тој и Ен формирале многу успешно комичарско дуо, познато како Стилер и Меар, кое работело во 60-ттите и 70-ттите години. Тие најпрво се појавија во шоуто на Ед Саливан, а потоа имале и свој сит-ком за кратко време.
Најпознатата улога на Џери Стилер е без сомнение онаа на Френк Костанза, во серијалот „Сеинфелд“. Малку с еоние кои не ја знаат неговата изрека „Serenity now!”, или за празникот Фестивас, кој паѓа на 23 декември, кој Костанза гхо покренал како форма на борба против Божиќниот конзумеризам.

Подоцна го играше Артур Спунер во „Кралот на Квинс“. Како што рече еднаш, по завршувањето на снимањето на СеИнфелд, тој размислуваЛ да замине во пензија, но тогаш Кевин џејмс го прашаЛ дали ќе глуми во „Кралот на Квинс“. Тој се согласиЛ и го играше Артур Спунер цели девет години.

Тој исто така глумел во филмовите на неговиот син како Zoolander, Heavyweights, Hot Pursuit, The Heartbreak Kid и Zoolander 2.
Тој бил номиниран за Еми за неговата улога како Френк Костанза, а ја освоил Американската награда за комедија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …