По пауза од три години, музичката легенда Ѓорѓе Балашевиќ доаѓа да одржи концерт во Скопје. Концертот е на 19. мај, во 20 часот, во ВИП Арената „Борис Трајковски“.
Настапот на Балашевиќ е во рамките на неговата последната турнеја за која беа распродадени концертите во Загреб, Задар,Белград, Сараево…
Концертот го организира „Авалон продукција“ и ќе претставува дел до нивната концертн активност од 25. концерти по повод 25. години работа.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба на 15-ти февруари во 9 часот наутро, преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија и онлајн, по следниве цени и категории: 700 денари ПАРТЕР (стоење), 900 денари ТРИБИНИ , 1000 денари ТРИБИНИ и 1200 денари GOLDEN SEATS.