(ВИДЕО+ФОТО) ПОРАДИ ЧУДНИ СЛУЧУВАЊА ПОСТАВИЛЕ КАМЕРИ НА ГРОБОТ: Кога мајката ја видела снимката ментално се разболела!

Како филмско сценарио!
Тажната мајка на двегодишна ќерка која трагично починала, била со недели депресивна,пред да биде охрабрена да стане од креветот, по прв пат. Трагичната смрт на малата Фавиола Родригез ментално ја разнела нејзината мајка Саундра, која не верувала дека животот по ваков настан е поверојатен.
И’ тогаш се случило нешто исклучително бизарно и гморбидно. Едно попладне, таа добила телефонски повик од гробиштата каде е погребана малата Фавиола. Работниците ја замолиле да дојде.
Кога Саундра дошла и се приближила до гробот на нејзината ќерка, таа речиси се онесвестила. Околу споменикот, таа забележала детски чекори идентични со оние што ги правела Фавиола. И тоа било само почеток на мистеријата.


Работниците и рекле дека едно дете неколку дена го посетувало гробот во текот на ноќта и дека надзорните камери сега го снимиле. Случајот го пријавило едно семејство на кое во близина се наоѓал гробот на нивниот убиен син. Бидејќи биле погодени од насилната смрт, тие побарале да се постават камери за да видат дали, можеби, убиецот може да се појави на гробиштата.
Наместо убиецот, тие го виделе духот на едно девојче од страна. Тие им кажале на работниците дека некој е на снимката, за да тие го поврзат тој дух со Фавиола. Нејзината мајка ги погледнала снимките од гробиштата во Ново Мексико и почнала да се плаче.
„Тоа е таа! Луѓе, тоа е навистина таа. Нејзиниот дух!“, викнала неутешната Саундра, пренесува CBS.
Видеото навистина ја покажувало силуетата на едно девојче идентична со Фавиоли како шета околу гробот, гледа и ги допира цвеќињата. До неа е постаро момче. Саундра е убедена дека момчето е лицето кое е убиено и кое почива покрај гробот на нејзината ќерка.



 

 



„Тоа се двајцата. Ги спои трагична приказна“, сигурна е Саундра.
Фавиола Родригез починала додека била чувана од дечкото на Саундра. Според полициската истрага и судејќи според модринките на телото на девојчето, таа најверојатно била убиена од тој маж додека ја чувал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …