Полицијата употребила камион од седум тони за да отстрани електричниот скутер

На полицајците во Велика Британија многумина им се смеат затоа што користеле камион од 7,5 тони за да отстранат електричен скутер.
Полицијата од Вест Мерси во петокот гордо објавила фотографија на Фејсбук на која се гледа како на камион превезуваат запленет скутер.
Полицијата соопштила дека го запленила возилото откако возачот бил забележан како го вози на јавни патишта.
Но, корисниците на социјалните мрежи бргу истакнале дека полициските службеници можеле да користат помало возило за да го однесат скутерот, тежок околу 45 килограми.
Некои напишале дека можеле едноставно да го сместат на задното седиште во полициски автомобил, наместо да ангажираат камион.
„Ова изгледа како огромно трошење ресурси“, е само еден од коментарите и, се разбира, шегите веднаш започнаа.
„Тие требаше да дојдат со поголем камион, мислам дека овој не е доволно голем“, е друга реакција.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …