Полицаецот занемел: Возачот спиел додека неговиот автомобил Тесла одел 150 км/час

Канаѓанец кој бил на возачкото место бил обвинет за опасно возење затоа што дремел додека неговиот самовозечки модел Ѕ се движел по автопатот со голема брзина.
Локалната полиција, чии членови го запреле возилото, соопштиле дека и двете предни седишта во Тесла биле целосно срушени, а возачот и совозачот очигледно спиеле кога патролата во Алберта, Канада, го забележала автомобилот.
Веднаш штом полицајците ја вклучија „ротацијата“, а другите возила на автопатот се движеа настрана, Tesla Model S забрзал. На крајот, автомобилот бил запрен, а на 20-годишниот возач од Британска Колумбија во декември ќе му се суди за овој инцидент.
Првично бил обвинет само за брзо возење и му била одземена дозволата на 24 часа поради замор, но подоцна бил обвинет за опасно возење.


Инцидентот се случил во близина на градот Понока, околу 100л километри јужно од Едмонтон, во јули оваа година.
„Никој во тоа возило не погледна низ шофершајбната за да види каде оди автомобилот“, изјавил полицискиот наредник Дари Турнбул за CBC News.
Тој исто така рекол дека Тесла, кога ги вклучиле ротирачките светла на патролното возило, забрзало, а возилата пред него се поместувале.
„Навистина изгледаше како никој да не е во автомобилот, но возилото забрза бидејќи сообраќајната лента пред него беше празна“.
“Работам во полицијата повеќе од 23. години, најмногу за спроведување на законот за сообраќај, но овој пат занемев. Никогаш не сум видел такво нешто, но, се разбира, технологијата не беше на денешното ниво”, додал тој.



Автомобилите на Тесла во моментов имаат автопилот од второ ниво, што бара возачот да биде буден, внимателен и подготвен да ја преземе контролата со рацете на воланот.
Првиот човек на компанијата, Илон Маск, претходно изјави дека очекува неговите возила да бидат целосно автономни – со минимум барања за интервенција на возачот – до крајот на годината.
Сепак, тој додал дека има „многу мали проблеми“ што треба да се решат преку тестирање во реални услови.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …