Емисија на CO2: Дали електричните автомобили се навистина во предност во однос на дизелите и бензинците?

Според сегашниот светски енергетски микс“, електричниот Полестар 2 ќе треба да помине 112.000 км за да биде „позелен“ од моделот на Volvo XC40.
Електричната спортска марка на Волво, марката Полестар, објави интересна студија за тоа колку електричните автомобили испуштаат јаглерод диоксид во текот на целиот работен век и колку бензинците.
За споредба се избрани електричните Полестар 2 и бензинскиот Volvo SUV XC40.
Од моментот на ископување на суровините за батериите во рудниците, па сè до крајот на „животниот“ пат и рециклирање на батеријата, Полестар 2 генерира 50 тони СО2, а споменатиот бензинец генерира 58 тони, пишува Revijahak..
Разликата не е голема, а клучот за разбирање е што во текот на оваа анализа, Полестар се одлучил за глобаленаж „енергетски микс“ во кој електрична енергија се произведува во голем обем од термоелектраните, кои исто така испуштаат CO2.
Гледајќи го само европскиот „енергетски микс“, Полестар би испуштил многу поповолно, 42 тони СО2.
Ако користеле само електрична енергија од ветерници-електрани, тогаш емисијата би била само 27 тони СО2.
Само во производствениот процес, Полестар генерира 26,2 тони СО2 (Волво XC40 16,1 тони).
Според глобалниот енергетски микс, Полестар ќе треба да помине 112.000 км за да биде „почист“ од XC40, додека според европскиот енергетски микс, ќе треба да помине 78.000 км.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …