Почина Кристин МекВи, пејачката која стои зад најголемите хитови на Флитвуд Мек
Почина музичарката Кристин Мекви, долгогодишна членка на Флитвуд Мек, објави Guardian. Имала 79. години.
Веста за смртта ја потврдило нејзиното семејство.
„Во име на семејството на Кристин МекВи, со тешко срце ве известуваме за нејзината смрт. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овој тежок период“, се вели во нивното соопштение. Оттаму додаваат дека таа починала утрово во болница по кратко боледување.
Таа напиша некои од најпознатите песни на бендот, како што се Little Lies, Everywhere, Don’t Stop, Say You Love Me и Songbird. МекВи му се придружи на бендот во 1971. година и го напушти по 28. години, за да се врати во Флитвуд Мек во 2014. година. Таа беше клавијатурист и пејачка.
Од 1968 до 1976 година, таа била во брак со басистот на Флитвуд Мек, Џон МекВи.
„Беше единствена и талентирана“
Британско-американската рок група, основана во Лондон во 1967. година, продаде повеќе од 100 милиони плочи ширум светот, што ги прави една од најуспешните групи на сите времиња. Флитвуд Мек е еден од најпознатите рок бендови од 1970-тите и 80-тите години, составен од Мик Флитвуд, Кристин и Џон МекВи, како и Линдзи Бакингем и Стиви Никс.
Членовите на бендот ја опишаа Кристина како „уникатна, посебна и талентирана над сите граници“.
„Таа беше најдобриот музичар што можевме да го имаме во нашиот бенд и најдобрата пријателка што можевме да ја имаме во нашите животи. Имавме многу среќа што ја имавме со нас. Многу ја почитувавме и сме благодарни за прекрасните спомени. Многу ќе ни недостига“, порачале.
— Fleetwood Mac (@fleetwoodmac) November 30, 2022
Покрај двете Греми награди, во 2006 година Кристин ја доби наградата BASCA (British Academy of Songwriters, Composers and Authors) Gold Badge Award , а во 2014 година ја добила наградата за животно дело Ivor Novello. Покрај тоа, таа е и добитничка на наградата Trailblazer што и беше доделена на доделувањето на наградите „Американа на Велика Британија во 2021 година.
Фото: Принтскрин/Facebook