Починал Тадеј Хрушовар – водач на славната група „Пепел ин кри“

Пејачот Тадеј Хрушовар, кој во 1974. година ја основал популарната музичка група „Пепел во кри“, починал на 74-годишна возраст.
Тажната вест беше објавена на официјалната страница на Фејсбук на легендарниот бенд.
Легендарниот словенечки музичар Тадеј Хрушовар создаде многу евергрини, како што е Dekle iz zlate ladjice и Dan ljubezni, со кој тој и тогашните членови на групата Пепел и кри победија на фестивалот во Опатија, а потоа во 1975. година настапија на Евровизија како претставници на Југославија.


Тие се појавија на истиот музички натпревар во 1990 година, заедно со италијанскиот победник Тото Кутуњо, кога пееја придружни вокали за песната Insieme.


Пред да го основа бендот, тој беше член на препознатливата група Бела вране. Во својата кариера има напишано повеќе од 400 песни за разни уметници.
Според извештаите во медиумите, музичарот неодамна бил во болница поради компликации по инфекција со коронавирус.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Елена Ристеска !!!

Елена Ристеска е родена на 27 април 1986 година во Скопје. Таа е позната македонска …