Боб Рафелсон починал во саботата на 89-годишна возраст, а веста вчера ја потврди и Мики Доленц, пејачот и тапанарот на групата Monkees.
Доленц глумеше во ТВ хумористичната серија од 1960-тите „The Monkees“, за рок квартетот во стилот на Битлси, во режија на Рафелсон, и се огласи на Твитер за да ја изрази својата тага за смртта на славниот режисер.
„За жал, Боб почина синоќа, но имав можност да му испратам порака во која му реков колку сум вечно благодарен што виде нешто во мене. Ти благодарам од се срце пријателе”, напишал тој.
2) Needless-to-say, I got the part and it completely altered my life. Regrettably, Bob passed away last night but I did get a chance to send him a message telling him how eternally grateful I was that he saw something in me.
Thank you from the bottom of my heart my friend. pic.twitter.com/LHzi15BhMi
— Micky Dolenz (@TheMickyDolenz1) July 24, 2022
Познат по својата работа за време на ерата на Новиот Холивуд, Рафелсон често соработувал со актерот Џек Николсон. Дуото работело на филмот „Five Easy Pieces“, кој на Рафелсон му донесе две номинации за Оскар, за најдобар филм и сценарио во 1971. година. Едно од неговите познати дела е филмот „Поштарот секогаш ѕвони двапати“.
Рафелсон ја создаде ТВ серијата „The Monkees“, освојувајќи ја наградата Еми за извонредна хумористична серија со Берт Шнајдер во 1967. година.
Фото: Принтскрин/Instagram