Почина Иван Карадак – авторот на „Хихирику“

Вчера во Скопје, почина таткото на модерната македонска сатира, големиот човек – Иван Карадак.
Иван Карадак беше познат на пошироката јавност по емисијата „Хихирику” што секоја недела одеше на првата програма на македонското радио, во 11. часот, цели четириесет години.
Иван Карадак беше автор на бројни театарски претстави и текстописец на првото кабаре во Мaкедонија насловено „Кабаре – Коприварник “.
Беше автор на театарските претстави: „Угоре високо – Удолу длабоко”, „Хумористична партија “, адаптацијата на текстот „Како да ја убиеш сопругата и зошто”, три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма „Мајче” и многу други.
Беше автор и на неколку книги: афоризмите „Коприварник”, сатиричните песни „Талкач по душата “, сатиричните песни „Записи врз водата”, куси сценарија „Лајач на месечина” и најновата книга афоризми „Мисли со Боцки “. Беше автор и на многу телевизиски драми и серии, меѓу кои: првонаградената „Цвеќе на карпатa “, познатите „Камчевци”, „Алф од Ново Лисиче “, „Ало Ало “, „Агенција осамени срца”, „Балканбенд ” и други.
Иван Карадк е добитник на многу награди меѓу кои и државната награда Св. Климент Охридски.
Последниот поздрав ќе биде денес, во 12 часот, во Капелата на гробиштата во Бутел.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …