Документарецот на Џексон во кината треба да се појави на 27. август 2021. година…
Режисерот на „Господарот на прстените“ Питер Џексон го даде првиот увид во неговиот претстоен документарец за Битлси. Со наслов „The Beatles: Get Back” (Битлси: Вратете се), документарниот филм го следи периодот на претпоследниот албум „Let It Be“ во 1970. година.
Џексон добил увид во 55. часа на необјавени снимки и 140. часа аудио записи, кои потоа ги реставрирал со употреба на истите техники користени за неговиот реномиран документарец од Првата светска војна „They Shall Not Grow Old” (Тие нема да остарат).
Документарецот на Џексон во киносалите треба да пристигне на 27. август 2021. година. Со цел да се совпадне со неговата премиера, се очекува и обновена верзија на оригиналниот филм „Let It Be“ во режија на Мајкл Линдзи-Хог.
Фото: Архива