Пита со тиква, ореви и кокос

500 г тенки кори
500 г рендана тиква
150 г мелени ореви
кокосово брашно
1 лимон
2 кесички ванилин шеќер
50 г путер
шеќер


Подготовка: соединете ги тиквата, мелените ореви, ренданата кора и сок од половина лимон и ванилин шеќер. На две кори ставајте по малку истопен путер, испрскајте со вода, обична или минерална. Распоредете 2 лажици фил (полни), наросете со 2 лажици кокосово брашно и шеќер по желба. Завиткајте ги корите и редете на широк плех на кој сте ставиле хартија за печење.
Во малку вода разматете го останатиот путер, додајте го сокот од половина лимон и шеќер (по желба) па намачкајте ги корите.
Ставете во рерна загреана на 200 степени и печете околу 20. минути.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …