„Пингвинот“ – интерактивна експериментална монодрама вечерва во Котур

Шестата изведба на монодрамата Пингвинот, ќе можете да ја погледнете вечерва во 20:00 часот во „Котур Кафе и Филм“ во Скопје.

Авторски проект на Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ
Според текстови на Данкан Мекмилан, Џони Донахју и документарни материјали на Вернер Херцог
Концепт и режија: Тамара Стојаноска
Игра: Лео Поповиќ
Превод: Лео Поповиќ
Избор на музика: Тамара Стојаноска и Лео Поповиќ / вокал и укулеле: Лео Поповиќ
Дизајнер на постер и рекламен материјал: Бојана Цилевска
Извршен продуцент: Бобан Алексоски
Продукција: Театар „Златен Елец“ Скопје
Фотографија и видео: Тамара Малкоска


Билетите по цена од 400 ден. може да се набават во „Котур“ или преку „Купи Карти За Се“ линкот за билети.

„Пингвинот“ е интерактивна експериментална монодрама во која заедно со публиката ќе се потсетуваме на обичните мали моменти за кои вреди да се живее. Претставата е работена според авторски текстови на тимот, 𝘌𝘷𝘦𝘳𝘺 𝘉𝘳𝘪𝘭𝘭𝘪𝘢𝘯𝘵 𝘛𝘩𝘪𝘯𝘨 на Данкан Мекмилан и Џони Донахjу и документарни материјали на Вернер Херцог. Со поврзување на сите овие материјали се фокусираме на теми околу менталното здравје, поточно депресијата и самоубиството и симболично ги поврзуваме сите овие интензивни чувства и со животинскиот свет и пингвините кои се едни од ретките животни кои што покажуваат знаци на депресија и суицид. Иако, сеуште не постои точен научен факт зошто пингвините во одреден момент се одлучуваат за таква постапка, не можеме, а да не чувствуваме поврзаност со овие животни кои можеби чувствуваат исто како нас. Претставата преку позитивни и комични моменти ја истражува комплексноста на тагата, генерациските трауми и растењето со депресивен родител. „Пингвинот“ ќе се надоградува со секоја нова изведба и интеракција со публиката и ќе отвора врата за дискусија и рушење на предрасудите за комплексноста на менталното здравје.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …