Парацетамол во бременоста е поврзан со АДХД пореметувањето кај децата!?

Жените кои во бременост го земаат аналгетикот и антипиретик парацетамол почесто раѓаат деца со пореметување на вниманието и хиперактивно пореметување (АДХД) во однос на трудниците кои не го користат тој лек, покажало норвешкото истражување.


Научниците ги анализирале податоците собрани на 113.000 деца и нивните родители, меѓу кои кај 2.246 деца е дијагностициран АДХД. Скоро половина мајки во одреден дел од бременоста земале парацетамол против болки, температура или инфекции, пишува списанието Рediatrics.
Земањето на парацетмол во текот на само едно тримесечје на бременоста норвешките лекари го поврзале со 7. отсто поголема можност за развој на АДХД кај детето.
Кај децата чии мајки земале парацетамол во две тримесечја евидентиран е ризик од 22. отсто поголеми можности за развој на АДХД, а кај жените кои лекот го пиеле во текот на цела бременост ризикот изнесувал 27. отсто, покажало истражувањето.
Краткорочното и повремено земање на парацетамол во бременоста не влијаело на развојот на плодот ниту на АДХД.
Истражувањето покажало дека можност за раѓање на дете со АДХД кај жените кои пиеле парацетамол поради температура или некоја инфекција во текот од 22. до 28. денови бил шест пати поголема отколку кај трудниците кои овој лек го избегнувале во бременоста.
„Сметаме дека податоците се загрижувачки, во западните земји повеќе од 50. отсто од жените во текот на бременоста зема таблетки парацетамол“ рекол водачот на студијата, Ирвин Истром од норвешкиот Институт за јавно здравство при Универзитетот во Осло.
Истром и колегите заклучиле и дека АДХД е дијагностициран до 13. година на живот во четири отсто случаи на деца опфатени со студијата.
Друга група научници смета дека недостатокот на студијата е во тоа што долгорочното земање парацетамол во текот на бременоста може да упатува на
некоја посериозна болест или повреда, а научниците не изнеле податоци за причините поради кои трудниците го земале овој лек.
Др. Антонио Саад од универзитетот во Тексас, кој не учествувал во студијата, смета дека поврзаноста помеѓу земањето парацетамол во бременоста и развојот на АДХД кај детето е чиста случајност.
„Треба да се истакне дека земањето парацетамол во бременоста, кога тоа е неопходно потребно, може да има многу негативни последици. Со оглед на тоа
дека во бременоста не е дозволено да се земаат ибупрофени, преостануваат само аналгетици кои спаѓаат во групата на наркотици, што е исто така строго забрането“ предупредува Саад.
Лекарите на трудниците им препорачуваат да земаат парцетамол, по потреба во најмалечки дози и во најкус период во случаи кога имаат зголемена телесна температура.


„Се сомневам дека умерено количество парцетамол во траење од неколку дена би можела да има било какво влијание на рзвојот на мозокот“ смета научник од Институтот за глобално здравје од Барселона, Јорди Јулвез.
Тој смета дека како причина за развој на АДХД кај детето би можела да биде висока температура или инфекција од која е болна мајката, а не фактот дека земала парацетамол во бременоста.
„Резултатите од оваа студија не ни дадоа доволно убедливи податоци за да не одвратат од препишување парацетамол во бременоста ако е тоа индицирано во било кое нејзино тримесечје“ смета Јулвез.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Комисијата за Автомобилска одговорност донесе одлука без да ги земе во предвид анализите на осигурителната индустрија!

  Осигурителните компании се разочарани од пристрасните трврдења и непрофесионалните квалификации кои им ги упати …