„Памтим само сретне дане“ – уникатен концерт во изведба на Македонската Филхармонија

Во сабота на 24 февруари 2024 година, во Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи концертот во изведба на Македонската Филхармонија со наслов „Памтим само сретне дане“.

Публиката ќе има можност да ужива во безвременските хитови на Парни Ваљак, Прљаво Казалиште, Нови Фосили, Сребрна Крила, Аеродром, Габи Новак, Јосипа Лисац, Тајчи…..како и од авторите Зринко Тутиќ, Хусеин Хасанефендиќ-Хуса, Рајко Дујмиќ, Ѓорѓе Новкович, Дјони Штулиќ, Арсен Дедиќ и други, во малку поразличен аранжман, направен од Јосип Цвитановиќ, Олја Десиќ и Иван Попескиќ.


Солистите во придружба на Македонска Филхармонија, со која ќе диригира Јосип Цвитановиќ, ќе се обидат во една вечер, да направат мал пресек на хитови од Загребачката поп рок школа, како што се Памтим само сретне дане, Кошуља плава, Данас сам луда, За добра стара времена, Љубавна, Још и данас замирише трешња, Мој бијели лабуде, Голубови….. и многу други.

Како вокални солисти ќе настапат легендарните Владо Калембер и Јурица Паѓен, Аида Мушановиќ-Арсиќ, Агни Авшар, Мартина Мајерле.


Билетите може да ги набавите на следниот линк:
https://www.karti.com.mk/pamtim-samo-sretne-dane.nspx

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …