ОВИЕ ЗЕМЈИ СЕ ПЛАСИРАА ВО ФИНАЛЕТО НА ЕВРОВИЗИЈА: Украина оди понатаму, еве како поминаа од РЕГИОНОТ!

Во првото полуфинале на Евровизија се претставија 17 земји: Албанија, Латвија, Литванија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија.

Финалистите ги избра жири и публика од 17. земји учеснички, како и Франција и Италија, кои како дел од минатогодишната група на „Топ 5“ имаат директен пласман во финалето. На синоќешната проба гласаше стручно жири составено од по пет музички експерти од секоја од земјите.
Македонија синоќа не можеше да гласа со оглед на тоа што нашата претставничка Андреаќе настапува во четврток на 12. мај.


This image has an empty alt attribute; its file name is evrovizija-prvo-polufinale-1-1.jpg

Земјите кои се пласираа во финалето на 66. Избор за песна на Евровизија се: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.


Земјите кои не успеаја да се пласираат понатаму се: Бугарија, Латвија, Словенија, Хрватска, Австрија, Данска и Албанија.

Фото: Принтскрин


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …