(ФОТО) Бил Гејтс заразен со корона: „Среќен сум што сум вакциниран“

Софтверскиот магнат и голем донатор на Светската здравствена организација, Бил Гејтс, вели дека е позитивен на коронавирус.
Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, во вторникот потврди дека бил тестиран за вирусот Ковид 19 и дека резултатот е позитивен и дека ќе биде изолиран додека не закрепне.
Објавата следеше додека Гејтс ја подготвуваше својата фондација да се залага за повеќе мерки за превенција од пандемијата, а објави и книга на оваа тема.
„Резултатот од тестот за корона е позитивен. Имам благи симптоми и ги следам советите на експертите со тоа што се изолирам додека повторно не бидам здрав“, напиша Гејтс на Твитер во вторникот, додавајќи:

„Среќен сум што сум вакциниран и имам пристап до тестирање и одлична медицинска нега“, напиша тој.


Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …