ОВИЕ ПЕТ ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ се НЕОПХОДНИ во есенските денови: Заштитуваат од вируси и го чуваат здравјето

Експертите открија кои витамини и минерали особено му се потребни на нашето тело во есен и зима и како да го спречиме нивниот недостаток.
Со доаѓањето на есента, поподложни сме на вируси и настинки, а се намалува способноста на организмот да ги одбрани вирусите и бактериите, без разлика што во текот на летото конзумиравме многу овошје и зеленчук.
Како последица на тоа се појавуваат чести тегоби, хроничен замор, настинки и други болести.
Според диететичарот Ана Тимофејева, за ова е виновен недостатокот на одредени хранливи материи.
„Поради недостиг на само пет основни хранливи материи, може да настанат одредени здравствени проблеми, од ситни тегоби до влошување на хроничните болести“, објасни диететичарот.
Овие проблеми може да се спречат ако знаете кои витамини и минерали му недостасуваат на вашето тело и се обидете да ги надоместите овие дефицити.

Затоа, ви ги пренесуваме петте најважни витамини и минерали кои треба да го повеќе да ги внесувате во текот на есента и зимата.


This image has an empty alt attribute; its file name is limoni.jpg

Витамин Ц
Недостатокот на овој витамин се манифестира со општа слабост, замор, чести настинки и зголемено крварење на непцата. Ќе го решите проблемот ако го зголемите внесот на агруми, јаболка и пиперки.


Витамин Д
Симптоми на недостаток се: нарушување на спиењето, недостаток на енергија во текот на денот, почесто расипување на забите, како и прекумерно потење. Важно е да се разбере дека нивото на хормонот од 60-80 нг/мл е доволно за нормално функционирање на човечкото тело. Ако вашиот резултат е под 60, тогаш треба да „дејствувате“. Се препорачува да земате додатоци на витамин Д.

Цинк
Присуството на цинк во телото е неопходно за ензимот вклучен во размената на гасови, како и за формирање на хемоглобин. Доколку имате недостаток на оваа супстанца, консултирајте се со вашиот лекар кои суплементи се најдобрата алтернатива. Но, бидете трпеливи, потребно е време да се компензира недостатокот на оваа супстанца во телото.


This image has an empty alt attribute; its file name is vitamin-d-1.jpg

Бакар
Бакарот е неопходен за правилно функционирање на тироидната жлезда. Дневната норма е 3 мг. Следниве намирници ќе ви помогнат да го надоместите дефицитот: кикирики, наут, леќа, босилек и лук.

Железо
Недостатокот на железо се манифестира со појава на анемија, чии симптоми се бледа кожа, опаѓање на косата, кршливи нокти, практично безбојни усни и екстремен замор во текот на денот. Важно е да знаете дека само лекар треба да избере кој препарат од железо можете да го земате. Покрај суплементите, ќе ви помогне и ако пиете сок од калинка, јадете говедско месо и црн дроб.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …