*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации и нуспојави обратете се на стручњак…
Поедини хороскопски знаци се поемотивни, лесно се заљубуваат, а понекогаш се случува и кога најмалку го очекуваат тоа. И тие самите честопати се изненадени од чувствата, бидејќи имаат тенденција да се заљубуваат во луѓе со кои се блиски, како и најдобрите пријатели. Честопати се несреќни во љубовта, бидејќи се плашат да ги признаат своите чувства и на тој начин би ја загрозиле нивната пријателска врска.
Овие хороскопски знаци се секогаш подготвени за забава, секогаш се со пријателите, со нив поминуваат „сито и решето“ – не ги викаме залудно најдобри пријатели. Со нив чувствуваме блискост, така што не е невообичаено пријателството одеднаш да се претвори во љубов.
Овие четири хороскопски знаци често се вљубуваат во своите најдобри пријатели…
Овен
Импулсивната и темпераментна природа на Овните честопати може да ги направи малку напорни и тешки. Тие сакаат партнер кој ги разбира и поддржува сто проценти – и покрај нивната природа.
Овој огнен знак очекува неговиот најдобар пријател да го прифати целосно, со сите свои предности и недостатоци. Затоа може да се случи од таа лојалност да се развие ново чувство – љубов.
Близнаци
Близнаците се многу активни и комуникативни, па им треба некој кој има исти или слични интереси. Затоа често се заљубуваат во својата најдобра пријателка. Се дружат со луѓе слични на нив, нивните пријатели се секогаш отворени за нови авантури и се подготвени за бесконечна забава.